Фудбал

Каков почеток на Елмас: По само 45 секунди постигна прв европски гол за Аталанта (ВИДЕО)

Каков почеток на Елмас: По само 45 секунди постигна прв европски гол за Аталанта (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен почеток на натпреварот против Пафос во Конференциската лига, откако уште во првите 45 секунди ја затресе мрежата на кипарскиот тим и донесе предност на Аталанта од 1-0.

Елмас одлично втрча во казнениот простор на гостинскиот тим, па од „пенал-ситуација“ успеа да ја затресе мрежата на Пафос.

Репрезентативецот на Македонија на овој начин стигна до првиот европски гол во дресот на Аталанта.