Фудбал

Кака се расплака на „Сан Сиро“ – 70.000 навивачи го скандираа неговото име! (ВИДЕО)

Кака се расплака на „Сан Сиро“ – 70.000 навивачи го скандираа неговото име! (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака доживеа емотивни моменти на „Сан Сиро“, каде што беше примен во „Куќата на славните“ на Милан.

Повеќе од 70.000 навивачи на италијанскиот гигант го скандираа неговото име, а Бразилецот не успеа да ги задржи солзите.

Пречекот на стадионот на кој остави длабока трага беше исполнет со емоции и потсети на неговите незаборавни денови во црвено-црниот дрес.

Кака помина седум сезони во Милан, за кој одигра 307 натпревари во сите конкуренции и постигна 104 гола.