Фудбал

Кавечи даде гол со „ножички“, но Осимен со два гола го реши дербито на Галатасарај и Фенербахче (ВИДЕО)

Кавечи даде гол со „ножички“, но Осимен со два гола го реши дербито на Галатасарај и Фенербахче (ВИДЕО)

Првото големо дерби во турската Суперлига помеѓу Галатасарај и Фенербахче кое се одигра вечерва заврши со победа на домашниот состав од 2-1.

Човек на одлука беше Нигериецот Виктор Осимен кој ги постигна двата гола за својот тим. Реузлтатот беше отворен по половина час игра кога Осимен погоди на асистенција на Јилмаз, додека во 44-тата Санчез беше во улогата на асистент.

Фенербахче беше целосно надигран во првите 45 минути и не успеа да упати ниту еден удар кон противничкиот гол, додека Галатасарај пропушти и уште некоја прилика за поубедливо водство.

Не се промени сликата премногу и во вториот, продолжија домаќините да бидат подобриот тим на теренот и да создаваат повеќе шанси. Сепак, успеаја гостите и во таква ситуација од првата посериозна прилика резултатски да се вратат во мечот. Кавечи на атрактивен начин со „ножички“ се запиша во листата на стрелци во 62-та минута.

Сепак, до крајот немаа сили и да дојдат барем до израмнување. На табелата Галатасарај е лидер во првенството по девет кола со 22 бода, додека Фенербахче се наоѓа на петтата позиција со 16.