Фудбал

И Јапонец ќе му биде противкандидат на Инфантино во битката за врвот на ФИФА

И Јапонец ќе му биде противкандидат на Инфантино во битката за врвот на ФИФА

Џани Инфантино би можел да добие уште еден противкандидат во трката за претседателската функција во ФИФА, откако јапонскиот фудбалски функционер Козо Ташима најави дека ќе влезе во изборната трка.

Откако претходно кандидатура најави и поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега, сега и Ташима ја потврди својата намера да се бори за највисоката функција во светскиот фудбал.

Одлуката ја соопштил по состанокот на раководството на Јапонската фудбалска асоцијација, кое едногласно ја поддржало неговата кандидатура.

Изборите за нов претседател на ФИФА се закажани за 18 март 2027 година, а ќе се одржат во Рабат, Мароко.