Франција со убедливи 3-0 против Шведска обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а главната улога повторно му припадна на Килиан Мбапе.
Францускиот капитен постигна два погодоци и со тоа стигна до шест гола на шампионатот, продолжувајќи ја битката за „Златната копачка“.
Посебно внимание привлече моментот во 70. минута, кога Дидие Дешам го замени својот најдобар фудбалер. Селекторот на Франција го испрати Мбапе со аплауз, а потоа и со поклон му оддаде признание за уште една маестрална партија, гест кој брзо стана хит на социјалните мрежи.