Фудбал

И Манчестер јунајтед се израдува на трансферот на Гринвуд во Фенер!

И Манчестер јунајтед се израдува на трансферот на Гринвуд во Фенер!

Контроверзниот англиски фудбалер, Мејсон Гринвуд, од Марсеј се пресели во Фенербахче, во новата сезона ќе настапува во Турција.

На овој трансфер се израдува и Манчестер јунајтед кој според договорот со Марсеј ќе добие процент.

Сумата која ќе влезе во касата на англискиот клуб е 12,4 милиони евра.