Од ова коло во шпанската Ла Лига, главните судии ќе даваат интервју по крајот на натпреварот, ќе ги образложуваат своите одлуки.
Нов момент во светскиот фудбал, ако досега судиите важеа за „заштитени мечки“ и без разлика на тоа како суделе, не одговараа пред јавноста, сега работите се менуваат.
Почнувајќи од денеска, во Ла Лига, судиите по натпреварите ќе се соочат со новинарите и ќе одговараат на прашања.
Иницијативата е на Техничкиот комитет на судиите во Шпанија.
Ова правило за почеток нема да биде на сите натпревари, информациите од Шпанија велат дека засега е предвидено на најмалку два меча во колото судиите да одговараат на прашања по дуелите.