Тенис

Историскиот меч на Ѓорческа на Вимблдон во директен пренос на Арена Спорт Македонија!

Историскиот меч на Ѓорческа на Вимблдон во директен пренос на Арена Спорт Македонија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре (вторник) од 12 часот ќе го има својот дебитантски настап на престижниот Вимблдон, каде ќе игра со силната Аманда Анисимова од САД.

Со самиот пласман на главниот турнир во Лондон, Ѓорческа испиша нови страници во историјата на македонскиот тенис, станувајќи првата наша тенисерка која обезбедила учество на еден грен-слем во поединечна конкуренција.

Ждрепката сакаше Лина за противничка да ја добие шестата светска тенисерка, Аманда Анисимова. Овој голем меч за нас ќе се одигра на теренот број два, со почеток во 12 часот.

Одлична вест за сите домашни љубители на тенисот е што овој историски момент ќе можат да го проследат во живо, директен телевизиски пренос од мечот на Ѓорческа е обезбеден на каналите на Арена Спорт Македонија.