Фудбал

Историска брука на полскиот шампион: Прокоцка предност од 4:1 и тоа на домашен терен

Историска брука на полскиот шампион: Прокоцка предност од 4:1 и тоа на домашен терен

Лех Познањ победи во Данска со 1:4, и на домашен терен беше елиминиран од Архус.

Фудбалерите на Лех од Познањ доживеаја едно од најголемите европски понижувања во историјата на клубот. Актуелните полски шампиони испаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите по неверојатниот пресврт на Архус.

Во првиот натпревар во Данска, Лех славеше со убедливи 4:1 и се чинеше дека пласманот во следната рунда е речиси обезбеден.

Сепак, пред своите навивачи, полските шампиони доживеаја целосен колапс и загубија по продолженијата, а потоа и на пенали. Данците победија со 4:1, а потоа се радуваа на успех и на пласман во 3. квалификациско коло после изведување на пенали. Архус победи со 0-3 во регуларниот дел, а само што почна продолжението, Лех успеа да постигне гол, и се чинеше дека тргна кон конечен триумф. Но, потоа нов шок, четврти гол во нивната мрежа, па пенали.

Таму, данскиот клуб беше побезбеден и победи со резултат од 4:3. Сајадманеш и Козубал промашија за Лех, додека голманот на Архус, Хеденстад, стана херој на натпреварот.

Со овој пораз, Лех Познањ го заврши своето европско патување во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Архус ќе игра во третото прелиминарно коло од елитното европско натпреварување.

Уште еден полски клуб, Горник, исто така испадна од Лигата на шампионите. Во Полска беше 1:1 во дуелот со Фенербахче, но Турците продолжуваат понатаму по победата од 1:0 во Истанбул во првиот дуел.