Екс фудбалерот на Реал Мадрид стана првиот фудбалер кој играл во елитното натпреварување со пет различни тима.
Шпанскиот фудбалер Иско испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите, откако стана првиот играч кој настапил во елитното европско натпреварување со пет различни клубови од иста земја.
Иско го оствари историскиот подвиг во дресот на Бетис на натпреварот против Лил, кој шпанскиот тим го доби со 3:2. Со својот настап тој го собори досегашниот рекорд, кој изнесуваше четири различни клубови од една држава.
Пред Иско, по четири клубови во Лигата на шампионите имаа Хернан Креспо, Стефан Далма, Хатем Бен Арфа, Бурак Јилмаз и Рахим Стерлинг.
Иско во најпрестижното европско натпреварување настапувал со Валенсија, Малага, Реал Мадрид, Севилја и Бетис.
Неговиот пат низ Лигата на шампионите започна со Валенсија во сезоната 2010/11, продолжи со Малага во 2012/13, а потоа следуваше долгогодишниот период во Реал Мадрид од 2013 до 2021 година. Во сезоната 2022/23 играше за Севилја, додека сега го запиша и Бетис како петти шпански клуб со кој настапил во елитното натпреварување.
Иско има уште еден импресивен податок. Со пет освоени титули во Лигата на шампионите, тој е фудбалерот со најмногу трофеи во ова натпреварување меѓу активните играчи кои настапуваат во овогодинешното издание.
‼️ RÉCORD HISTÓRICO ‼️@isco_alarcon se convierte esta noche en el PRIMER jugador que disputa la Champions League con CINCO clubes diferentes de un mismo país:
🇪🇸 Valencia (2010-11)
🇪🇸 Málaga (2012-13)
🇪🇸 Real Madrid (2013-21)
🇪🇸 Sevilla (2022-23)
🇪🇸 REAL BETIS (2026-27)Con… pic.twitter.com/G9zdL81pYJ
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 8, 2026