Новак Ѓоковиќ доживеа непријатна ситуација по тренингот во Пекинг, кога додека им даваше автограми на навивачите беше погоден со капа во главата.
Српскиот тенисер по завршувањето на тренингот им пријде на присутните навивачи за да им потпишува автограми. Во еден момент, еден од гледачите фрли капа кон Ѓоковиќ, која директно го погоди во главата.
Ѓоковиќ остана затекнат од ситуацијата, но не реагираше бурно. Погледна кон трибината од каде што беше фрлен предметот, а обезбедувањето веднаш реагираше и го отстрани навивачот.
Инцидентот сепак не прерасна во посериозен проблем. Ѓоковиќ продолжи да им дава автограми на навивачите, а потоа се упати кон соблекувалната.
Сцената потсети на непријатниот инцидент од Рим во 2024 година, кога Ѓоковиќ беше погоден во главата со шише додека потпишуваше автограми. Тогаш падна на земја и имаше вртоглавица и исеченица, поради што му беше извршен лекарски преглед.
Ѓоковиќ се врати во Пекинг по 11 години, а на турнирот ќе настапи како шести носител. Во првото коло ќе игра против Португалецот Нуно Боржеш.
Интересно е што српскиот ас досега има совршен биланс во Пекинг – шест настапи и шест освоени титули, без ниту еден пораз на турнирот.
Must be some Psycho Fedal fan.Charly got him ejected .Good thing is 🐐was in good mood later 🤪 https://t.co/oCxdSCWckY pic.twitter.com/AiOZ2r4Ea0
— Raul (@Raulgunner2) September 28, 2026