Остануваат уште само неколку федерации кои треба да дадат официјална поддршка.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е на прагот од нов мандат на чело на Светската фудбалска федерација, откако доби поддршка од повеќе од 200 национални асоцијации, јавуваат британските медиуми.
Според весникот „Гардијан“, остануваат само неколку асоцијации кои треба да дадат официјална поддршка, па се очекува Инфантино да обезбеди четврти мандат на чело на ФИФА без поголеми проблеми. Засега нема противкандидати, а рокот за поднесување на кандидатури истекува на 18 септември.
Иако мнозинството членови јавно го поддржаа сегашниот претседател, Германската фудбалска асоцијација е меѓу ретките кои не го сторија тоа. Од друга страна, голем број европски асоцијации веќе потврдија дека ќе гласаат за Инфантино.
Неговата позиција остана стабилна и покрај критиките што се појавија по контроверзната одлука за помилување на Фоларин Балогун.
Состанокот на членовите на ФИФА ќе се одржи утре во Њујорк, каде што, покрај изборот на раководството, главни теми ќе бидат финансиските резултати од Светското првенство и распределбата на приходите на националните асоцијации.