Актуелниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино доби голема поддршка во борбата за нов мандат на чело на организацијата, откако Азиската фудбалска конфедерација направи неочекуван потег.
Првиот човек на Азиската фудбалска конфедерација, Шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа му даде поддршка на Инфантино за нов претседателски мандат, иако пред два месеци го критикуваше и обвинуваше за нарушување на довербата.
„Ја потврдуваме нашата целосна посветеност и ви даваме поддршка додека барате нов мандат како претседател на ФИФА“, кажа шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа.
Конфедерацијата има 47 членки, а нивните гласови би можеле да бидат клучни во обезбедување на нов мандат на Инфантино, кој во изминатиот период беше под голем притисок поради планот да отстапи дел од Светското првенство (СП) на приватни инвеститори.
Изборите за претседател на ФИФА се закажани за март 2027 година, додека рокот за поднесување на кандидатури е 18 ноември 2026 година.