Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 3-1 на гостувањето кај Болоња во седмото коло од Серија А.
Не почна најдобро натпреварот за Интер бидејќи Болоња по десет минути игра го отвори резултатот и со голот на Побега поведе со 1-0. Водството на домашниот состав беше актуелно се до завршницата кога Маркус Турам во 44-тата минута го израмни резултатот.
Со по еден гол на двете страни се замина на одмор. Интер во вториот дел целосно ја презема контролата и тргна по победата. Таквата игра им се исплатеше во 69-тата минута кога Карлос Агусто се запиша во листата на стрелци за 2-1. Во 81-та минута видовме и еден поништен гол на Бони поради недозволена позиција, сепак се беше чисто три минути подоцна кога напаѓачот на „нераѕурите“ ги постави конечните 3-1.
Интер со овој триумф дојде до 19 бода на врвот на табелата, три повеќе од Лацио кој утре го игра дербито против Јувентус на гостински терен.