Ракомет

Изненадување во ракометниот свет: Еден од најдобрите играчи потпиша за шведски второлигаш

Изненадување во ракометниот свет: Еден од најдобрите играчи потпиша за шведски второлигаш

И покрај многуте понуди, шведскиот репрезентативец се реши да потпише за клубот во кој ги направи првите чекори.

Долгогодишниот лидер на шведската репрезентација Џим Гофридсон ги шокираше сите во ракометниот сет, откако се реши да ја прифати понудата од шведскиот второлигаш Истад. Тоа е клубот во кој ракометарот ја почна својата кариера.

И покрај тоа што имаше понуди од неколку германски, шведски и дански клубови од елитниот ранг, сепак, 33-годишниот ракометар се одлучи да ја прифати понудата на својот матичен клуб, и да му помогне во промоција во „елитата“.

Уште пошокантен е податокот дека Гофридсон потпиша тригодишен договор со оваа екипа.

Швеѓанецот досега играше за унгарски Пик Сегед, а претходно 12 години играше врвно во Бундеслигата, во дресот на Фленсбург. Со Шведска освои злато на ЕП 2022 година, сребро на СП 2021, како и европско сребро и бронза. Двапати беше прогласен за најдобар играч на светот во 2018 и 2022 година.