Реклама
Arena Sport
Фудбал

Извлечени двојките во Купот на Германија: Баерн против второлигаш, „милионерите“ гостуваат во Франкфурт

Извлечени двојките во Купот на Германија: Баерн против второлигаш, „милионерите“ гостуваат во Франкфурт

Ждрепката донесе неколку интересни пресметки, а најголемо внимание привлекуваат дуелите меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд, како и Баер Леверкузен – РБ Лајпциг.

Познати се сите двојки за осминафиналето на Купот на Германија, а ждрепката донесе неколку исклучително интересни пресметки.

Реклама
Arena Sport

Актуелниот освојувач на трофејот, Баерн Минхен, ќе има задача против второлигашот Херта Берлин. Баварците ќе бидат домаќини на „Алијанц арената“ и ќе ја имаат улогата на големи фаворити за пласман во следната рунда.

Сепак, најголемо внимание привлекуваат два дуела меѓу германските бундеслигаши. Борусија Дортмунд ќе гостува кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Баер Леверкузен на домашен терен ќе го пречека РБ Лајпциг.

Интересно ќе биде и во Штутгарт, каде што минатогодишниот финалист ќе го пречека Динамо Дрезден, екипа која настапува во Втората Бундеслига.

Фрајбург, кој е едно од најпријатните изненадувања во досегашниот тек на сезоната, ќе гостува кај Кајзерслаутерн.

Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 1 и 2 декември.

Сите двојки за осминафиналето на Купот на Германија:

Баерн Минхен – Херта
Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд
Баер Леверкузен – Лајпциг
Штутгарт – Динамо Дрезден
Кајзерслаутерн – Фрајбург
Борусија Менхенгладбах – Дармштад
Кил – Келн
Бохум – Аугзбург

Реклама
Arena Sport