Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, во меч со два сета го совлада првиот носител во квалификациите, Италијанецот Федерико Арнаболди и се пласираше на главниот турнир во Палермо.
Ивановски го доби првиот сет со 6-4, вториот беше многу понеизвесен, се играше тајбрејк кој го доби Македонецот со 8-6.
Дополнително во текот на денот ќе биде познато кој ќе биде противникот во првото коло на Ивановски.