Најдобриот македонски тенисер во овој момент, Калин Ивановски, вели дека Лина Ѓорческа ја гледа како инспирација и мотивација за и тој да го достигне нејзиниот успех.
Ѓорческа испиша историја со пласманот на Вимблдон. Ивановски на прес-конференција на Тениската федерација зборуваше за Лина.
„Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон ми даваат мотивација, моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога играв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта сега ми е да настапам и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир. Со овој резултат Лина направи голем успех“, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.