Тенис

Ивановски го победи брат му на Стефанос Циципас

Ивановски го победи брат му на Стефанос Циципас

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Загреб откако со 2-0 во сетови го совлада Павлос Циципас.

Павлос е најмалиот брат на грчката тениска ѕвезда, Стефанос Циципас, но квалитативно е премногу далеку од него.

Ивановски го доби мечот во два сета, во првиот се играше тајбрјек кој му припадна на Македонецот со 10-8, а вториот сет го доби нашиот тенисер со 7-5.

Со оваа победа Ивановски се пласира во четвртфиналето од турнирот во Загреб.