Пелистер стигна до убедлива победа од 3-0 над Осогово, а главна ѕвезда на натпреварот беше Иван Ивановски, кој со три погодоци го предводеше битолскиот тим до нови три бода.
По првото полувреме во кое мрежите мируваа, Пелистер го засили темпото во продолжението и конечно го пронајде патот до противничкиот гол во 58. минута. Ивановски ја презеде одговорноста и донесе водство за домаќините, отворајќи го патот кон победата.
Осогово се обиде да се врати во натпреварот, но битолчани го зададоа решавачкиот удар во завршницата. Ивановски повторно се најде на вистинското место и зголеми на 2-0, а во судиското надополнување го комплетираше својот хет-трик за конечни 3-0 и убедливо славје на Пелистер.
Со оваа победа, тимот од Битола стигна до 18 бодови и се наоѓа на делба на втората позиција со Работнички, додека Охрид е лидер на табелата со 19 бодови.
Головите на Ивановски од мечот меѓу Пелистер и Осогово може да ги погледнете ТУКА.