Фудбал

Звучни имиња и екс репрезентативци и натаму слободни: Кои од македонските фудбалери се без клубови?

Звучни имиња и екс репрезентативци и натаму слободни: Кои од македонските фудбалери се без клубови?

Листата на играчи кои немаат ангажмани е долга и звучна: Кристијан Трапановски, Александар Трајковски, Стефан Ристовски, Егзон Бејтулаи… и натаму чекаат ангажмани.

Преодниот рок во ТОП 5 лигите заврши, полека завршува и во другите земји, а некои од звучни македонски фудбалски имиња и натаму се без клубови. Меѓу нив и поранешни репрезентаитвци, капитени на селекцијата, дел со многу настапи немаат клубови.

Најзвучните имиња на листата на слободни се Стефан Ристовски и Александар Трајковски. Трајковски, кој има 99 настапи за македонската репрезентација, последен пат настапуваше во Хрватска, во Локомотива Загреб. Сега е слободен агент, и нема најави за нов клуб. Тој играше во Саудиска Арабија, во Италија, Хрватска, Белгија… Го постигна еден од најзначајните голови во историјата на Македонија, оној против Италија во Палермо.

Стефан Ристовски е исто така без клуб, откако го напушти тимот на Сараево. Иако имаше најави за трансфер во Нови Пазар или во Вардар, сепак, екс капитенот на македонскиот национален тим и натаму е без ангажман. Тој има огромно исксутво со играње во Парма, во Спортинг Лисабон, беше и во Динамо Загреб со кој играше и на меѓународна сцена, играч со огромно искуство.

Кристијан Трапановски после напуштањето на Абердин, бара ангажман. Имаше добри настапи во Шкотска, меѓутоа откако го напушти клубови, нема клуб.

Исто така без ангажман е поранешниот репрезентативец Егзон Бејтулаи. Последен клуб му беше косовска Дрита, а најголемата форма ја стекна настапувајќи за тетовска Шкендија, кога играше и за националниот тим, за кој собра 27 настапи. Тој беше повикан од новиот селектор Гоце Седлоски за натпреварите со Данска и со Ирска.

Од пред неколку дена без клуб е Доријан Бабунски. Бабунски ја напушти Унгарија, и во моментов е без ангажман. Неколку клубови од Србија се заинтересирани за него, меѓутоа засега нема ништо конкретно. Без ангажман е и голманот Дејан Илиев, кој го напушти тимот на Динамо Букурешт, и сега бара тим во кој ќе може да брани.

Без клуб е и поранешниот младински репрезентативец Петар Петковски. Исто така и Христијан Георгиевски, екс фудбалерот на Струга ТЛ и на Нафта, Хебар и Јесенице, од јули оваа година е без ангажман. 23-годишниот играч од средниот ред е во потрага на ангажман.

Од другите слободни фудбалери се уште и Зија Мерџани, Михаил Димитриевски, Марјан Ристовски, Филип Антовски, Флоријан Кадриу, Давид Денковски…