Кошарка

Звезда фати победички ритам, Париз немаше сили за пресврт во Белград (ВИДЕО)

Звезда фати победички ритам, Париз немаше сили за пресврт во Белград (ВИДЕО)

По лошиот старт и двата порази на почетокот од Евролигата, Црвена Звезда фати победнички ритам и вечерва во Белград ја забележа четвртата победа по ред. Српскиот тим славеше над Париз со 90-81, по натпревар во кој имаше контрола во најголемиот дел од средбата, но во финишот мораше сериозно да се помачи за да го одбрани триумфот.

Белграѓани уште во првата четвртина покажаа дека се решени да ги освојат бодовите, па во еден момент стекнаа предност од 15 поени. Гостите од Франција успеаја да го ублажат заостанувањето и по првите десет минути резултатот гласеше 28-18. Во вториот период се играше поизрамнето, но Звезда успешно ја одржуваше предноста и на полувремето замина со водство од 46-36.

Домаќините продолжија во ист стил и во третата четвртина, кога стигнаа и до најубедливата предност на натпреварот од 19 поени (75-56). Во тие моменти се чинеше дека прашањето околу победникот е решено, но Париз имаше поинакви планови.

Францускиот состав не се предаде и во последната четвртина тргна во офанзива. На пет минути до крајот успеа да ја намали негативата на едноцифрена разлика (81-72), а потоа се доближи и на само пет поени негатива, внесувајќи неизвесност во завршницата.

Сепак, белградскиот гигант не дозволи целосен пресврт. Домашните кошаркари одговорија во клучните моменти, ја задржаа контролата и на крајот заслужено се радуваа на нов евролигашки триумф.

Најдобар стрелец кај Звезда беше Монеке со 23 поени, додека кај Париз Тајсон Етјен ја заврши средбата со 23.

Останати резултати:

Бешикташ – Баерн 95-87

Жалгирис – Ефес 70-85

Панатинаикос – Хапоел 81-91

Барселона – Олимоијакос 100-105 (после продолженија)

Виртус – Басконија 86-78