Истрагата не утврдила постоење на организирана шема насочена кон влијание врз назначувањата на судии.
Обвинителството во Милано го затвори случајот против поранешниот шеф на судиите во Серија „А“ и Серија „Б“ Џанлука Роки, и неговиот заменик Андреа Гервсони, како и против шампионот Интер кои беа под истрага поради наводни обиди за влијание врз назначувањето на судии. Роки беше под истрага поради соучество во спортска измама при назначување на судии за четири натпревари, вклучувајќи го и мечот помеѓу Торино и Интер во Серија „А“ минатата сезона.
Ниту еден играч или тренер не бил предмет на истрата, но Интер е под истрага поради сомневања дека некои од назначувањата на Роки биле направени за да им се допаднат на „нероаѕурите“, односно да се избегнат судиите што клубот не ги сака.
Но, постапките против Интер беа веднаш прекинати. Главното обвинение против Роки беше дека вршел надворешен притисок за да влијае на одлуките на ВАР за време на некои натпревари од Серија „А“. Роки се повлече од функцијата за време на истрагата и беше заменет од Дино Томаси, а потоа и од Даниеле Орсато.
Во официјалното соопштение, Обвинитеството објави дека „побарало од судијата на претходна постапка да ја прекине кривичната постапка согласно членовите 81 (тековно кривично дело) и 110 од италијанскиот Кривичен законик, како и согласно член 1, став 1 од Законот бр. 401/1989, во врска со наводните обиди за влијание врз изборот или исклучувањето на судиите на натпреварот“.
Истрагата не утврди постоење на организирана шема насочена кон влијание врз назначувањата на судии.