Реклама
Arena Sport
Фудбал

Загрижувачки вести од Минхен: Компани колабирал на терен, веднаш е пренесен во болница

Загрижувачки вести од Минхен: Компани колабирал на терен, веднаш е пренесен во болница

Белгискиот стратег неодамна имаше проблеми со вирусна инфекција, а по инцидентот на клупскиот тренинг-центар со амбулантно возило бил пренесен во болница. Засега нема официјални информации за неговата состојба.

Голема загриженост владее во Баерн Минхен откако тренерот Винсент Компани бил пренесен во болница со амбулантно возило, по инцидент на тренинг-центарот на германскиот гигант.

Реклама
Arena Sport

Според информациите на германскиот „Билд“, 40-годишниот белгиски стратег колабирал во петокот, откако завршил тренингот на првиот тим. Компани сакал да ја следи и работата на младинскиот состав, но тогаш дошло до колабирање.

На тренинг-центарот на Баерн, на улицата Зебенер, слетал и спасувачки хеликоптер, а тренерот бил пренесен во болница во Минхен.

Компани и во изминатите денови имаше здравствени проблеми. Тој се борел со силна вирусна инфекција, која, според медиумите, му предизвикувала болки во нозете и тешкотии при качување по скали. Поради тоа пропуштил неколку тренинзи, а помошникот Арон Данс го заменувал и на прес-конференцијата пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите.

И покрај проблемите, Компани се врати на клупата за средбата со лондонскиот тим, која заврши со резултат 2:2. По натпреварот призна дека минатата недела имал сериозна вирусна инфекција и дека не му посветил доволно внимание на сопственото здравје.

Засега нема официјални информации за причините за колабирањето ниту за актуелната здравствена состојба на тренерот на Баерн. Неизвесно е и дали ова ќе влијае врз неговото присуство на неделниот бундеслигашки натпревар против Фрајбург.

Реклама
Arena Sport