Англискиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Рис Џејмс, повторно ќе биде во аут поради повреда.
Англискиот фудбалер веќе го одигра последниот натпревар во 2026 година, неговото враќање на теренот е предвидено за почетокот на 2027.
Челси потврди дека капитенот бил под мала операција на коленото и ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци. Би требало да се врати во јануари.
Рис Џејмс низ кариерата мака мачи со повреди, па медицинскиот тим нема да брза со негово враќање.



