Фудбал

Жорге Жезус проговори за пензионирањето на Роналдо!

Жорге Жезус проговори за пензионирањето на Роналдо!

Актуелниот селектор на Португалија, Жорге Жезус има само убави зборови за Кристијано Роналдо, вели дека тој сакал фудбалерот уште да игра, но…

Минатиот месец Жезус и Роналдо влегоа во кавга по што ЦР7 ја напушти репрезентацијата. Тој беше повикан за престојните дуели, но реши да објави крај на репрезентативната кариера.

„Кристијано е глобална икона, пример за Португалија и националниот тим. Имав огромна фотографија од него ставена за младите играчи да можат секој ден да се угледуваат на него. Побарав од него да продолжи со мене бидејќи ми беше потребен покрај мене. Но, треба да ја прифатам неговата одлука. Тој секогаш ќе има место во срцата на луѓето од Португалија. Секогаш ќе биде икона на португалскиот фудбал“, рече Жезус.