Навивачите на „кралскиот клуб“ сметаат дека Бартра прерано влегол во шеснаесетникот.
Реал Мадрид синоќа доживеа пораз од Бетис со 1:0 во Севилја, а по натпреварот во центарот на вниманието се најде спорната ситуација од самиот финиш.
Килијан Мбапе во 94. минута имаше можност да го спаси Реал од пораз, но неговиот удар од белата точка беше одбранет од голманот на Бетис. Французинот така пропушти огромна шанса, но веднаш потоа започнаа жестоки реакции поради одлуката на судијата.
Имено, од таборот на Реал сметаа дека пеналот требало да биде повторен бидејќи Марк Бартра влегол во шеснаесетникот пред Мбапе да ја упати топката кон голот. Навивачите на мадридскиот клуб веднаш реагираа на социјалните мрежи и обвинија дека нивниот тим бил оштетен.
Сепак, деталната снимка открива дека ситуацијата не е толку едноставна.
Иако Бартра навистина се наоѓал во казнениот простор во моментот кога Мбапе шутирал, неговата нога не била на тревата. Со тоа, според толкувањето на правилата, нема основа за повторување на пеналот.
Токму поради тоа, одлуката на судијата Хернандез да не бара повторување на ударот се смета за исправна.
И покрај тоа, незадоволството кај навивачите на Реал Мадрид е големо. На социјалните мрежи веднаш се појавија голем број реакции во кои се тврди дека клубот бил „ограбен“, иако снимките не потврдуваат прекршок на Бартра.