Европската куќа на фудбалот му посака добродојде назад на македонскиот првак во Лигата на шанпионите.
„Црвено-црните“ по четири години пауза повторно ќе се натпреваруваат во елитното европско клупско натпреварување, откако Европската ракометна федерација му додели вајлд-карта за сезоната 2026/27. Вардар е двократен европски првак, со освоени титули во 2017 и 2019 година.
ЕХФ во својата промоција посебно внимание му посвети на македонскиот клуб, потсетувајќи на неговите најголеми европски моменти и на враќањето во друштвото на најдобрите.
Вардар последен пат во Лигата на шампионите настапуваше во сезоната 2021/22, а сега повторно ќе има можност да се соочи со најдобрите европски екипи. Во новата сезона натпреварувањето ќе има 24 екипи, распоредени во шест групи по четири тима.
Враќањето на Вардар во ЛШ е значајно и за македонскиот ракомет, бидејќи Скопје повторно ќе биде домаќин на најквалитетни европски ракометни натпревари.