Виктор Ефремовски беше најефикасен во победата на Македонија над Австрија од 91-59 во меч од втората фаза во претквалификациите за пласман на ЕВРО 2029 година.
Ефремовски одигра одличен меч и беше еден од најзаслужните кошаркари во овој триумф. Тој смета дека играта во одбрана е клучот за победата.
„Мислам дека одигравме добар натпревар против Австрија. Најважно беше што одигравме добра одбрана и мислам дека токму тоа беше клучот за натпреварот. Како екипа бевме борбени, си помагавме еден на друг и не им дозволивме лесно да доаѓаат до поени“, вели Ефремовски за сајтот на КФМ.
„Конечно бевме речиси во полн состав и тоа многу ни значи. Кога сме сите заедно, многу полесно се игра, а особено кога е Нено со нас. Со него многу полесно функционираме и на теренот имаме повеќе опции“.
„Не очекуваат важни натпревари во февруари против Кипар и повторно против Австрија. Целта ни е јасна – сакаме да завршиме како први во групата и да обезбедиме пласман во квалификациите за Европското првенство. Верувам во оваа екипа и мислам дека имаме квалитет да го направиме тоа. Сега најважно е да продолжиме да работиме, да бидеме здрави и што почесто да бидеме во полн состав. Ако ја задржиме оваа енергија и пристап, верувам дека можеме да ги оствариме целите“, порача Ефремовски.