Ракомет

Еурофарм Пелистер ја отвора новата европска сезона

Еурофарм Пелистер ја отвора новата европска сезона

Денеска во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ракометниот клуб на Пелистер го игра првиот европски натпревар оваа сезона, во меч од Европската лига, битолчани ја пречекуваат Ла Риоха.

Пелистер е еден од најдобро рангираните клубови во Европската лига, па битолската публика очекува резултати во ова натпреварување.

Работите можеби ќе станат поинакви во втората фаза од Европската лига кога ќе се приклучат елиминираните тимови од Лигата на шампионите, но првичната цел на зелените е да се мине групата.

А групата на Пелистер започна со изненадување, Гдањск го совлада Гумерзбах и даде дознаење дека на секој меч мора да се влезе максимално сериозно.

Пелистер е фаворит на денешниот натпревар против Ла Риоха, но таквата улога ќе мора да се оправда на терен.

Доаѓањето на Червар во Битола донесе бран на оптимизам меѓу битолчани за добра ракометна сезона, а како таа ќе се движи, останува да видиме.

Денешниот натпревар меѓу Пелистер и Ла Риоха се игра со почеток од 20:45 часот, ТВ пренос ќе може да следите на Арена М1 Премиум.