Пелистерци во вториот дел имаа позитива од четири гола, на четири минути до крајот испуштија позитива од три гола.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер испуштија победа на гостувањето во Гдањск кај тимот на Вибжезе. Иако во текот на целиот меч имаа предност, сепак, на крајот одиграа нерешено 31-31.
Полјаците подобро почнаа и поведоа со 2:0, а потоа откако дојдоа до предност, и главно ја задржаа до крајот со исклучок на крајот на првиот дел (12:11).
Пелистер во вториот дел имаше водство неколку пати од три разлика, а во еден момент и четири голови.
Меѓутоа во финишот целосно потклекнаа, околу четири минути не постигнаа гол, и дозволија Полјаците да дојдат до серија од 3:0 и да дојдат до израмнување 31-31.
Еурофарм Пелистер дојде до шанса за гол, но Кузмановски ја загуби топката, па на крајот Гдањск имаше и напад за победа. На две секунди до крајот и девет метри, и шут на Гебала во пречката, за бод на битолчани од гостувањето во Полска.
Најдобар стрелец беше Филип Кузмановски кој одигра симултанка и постигна 15 голови. После него Нтанзи даде седум погодоци. Кај тимот на Гдањск најефикасен беше Томчак со осум погодоци. Хајдарирад запиша 11 одбрани кај Еурофарм Пелистер.