Фудбал

Енрике: Ништо не значи првото место на ПСЖ во ЛШ

Енрике: Ништо не значи првото место на ПСЖ во ЛШ

ПСЖ со максимални 12 бода и 20 постигнати голови ја предводи табелата, но шпанскиот стратег потсетува дека и во претходните сезони неговиот тим ја освојувал титулата без да биде меѓу најдобрите осум по лигашката фаза.

Луис Енрике не дозволува убедливите резултати и првото место во Лигата на шампионите да создадат лажна слика за силата на Пари Сен Жермен. Францускиот гигант игра одлично во новата сезона, но тренерот смета дека вистинската битка допрва претстои.

ПСЖ испрати моќна порака со победата од 6:0 на гостувањето кај Виљареал во четвртото коло од лигашката фаза. Парижаните имаат максимални 12 бода и 20 постигнати голови, но Енрике не му придава големо значење на моменталниот пласман.

„Ова не значи ништо. На крајот ќе има само еден шампион во финалето во Мадрид, а нашата цел е да ја освоиме титулата. Во претходните сезони го освојувавме трофејот иако не завршувавме меѓу најдобрите осум екипи во лигашката фаза“, порача шпанскиот стратег.

Енрике зборуваше и за офанзивниот пристап на својот тим, нагласувајќи дека неговите фудбалери не се откажуваат од препознатливиот стил дури и кога имаат убедливо водство.

„Во фудбалот сум видел екипи кои постигнуваат три гола за пет минути. Нема смисла само да се обидувате да се браните, туку мора да продолжите да напаѓате. Доколку ние примевме толку голови за краток период, ќе се соочевме со истите проблеми како Виљареал“, објасни Енрике.