Швајцарскиот тениски ас, Стен Вавринка, за последен пат настапи на грен слем турнир, тој на УС Опен беше поразен од Матео Беретини со 0-3 (6-7, 6-7, 0-6) во сетови.
41-годишниот Вавринка му пружи сериозен отпор на Беретини во првите два сета, но немаше сила и во третиот во кој не успеа да освои гејм.
Ова беше меч со големи емоции за Швајцарецот, тој претходно најави дека ја игра последната во кариерата, а тоа значи дека ова му беше последен грен слем турнир.
Вавринка во својата богата кариера освои три грен слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен.
