Реклама
Arena Sport
Фудбал

Емотивна исповед на Тоти: Моето заминување од Рома беше како да сум умрел (ВИДЕО)

Емотивна исповед на Тоти: Моето заминување од Рома беше како да сум умрел (ВИДЕО)

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти со многу емоции ја промовираше својата автобиографија, во која откри детали за најтешките моменти од животот, болката по загубата на татко му и разделбата со Рома.

„Газета дело Спорт“ пренесува детали за една од најемотивните теми беше неговото заминување од Рома и крајот на фудбалската кариера. Тоти призна дека тоа било искуство за кое не бил подготвен и дека одлуката ја доживеал многу потешко отколку што очекувал.

Реклама
Arena Sport

„На некој начин, тогаш умрев. Тоа беше принудно збогување, нешто што не го сакав и не го чувствував како вистински момент. Знаев дека еден ден ќе дојде крајот, но сè се случи поинаку од тоа како што си замислував“, открива Тоти.

Поранешниот фудбалер на Рома зборуваше и за односот со неговите деца, при што раскажа дека разделбата со нивната мајка предизвикале тензии меѓу нив.

„Се надевам дека кога ќе пораснат, ќе разберат како стојат работите. Имам многу љубов за нив. Сакам да поминуваме повеќе време заедно и повторно да бидеме семејство како порано“, кажа Тоти.

Реклама
Arena Sport