Фудбал

Емотивна исповед на сопругата на Диого Жота која ги расплака сите фудбалски фанови

Емотивна исповед на сопругата на Диого Жота која ги расплака сите фудбалски фанови

Руте Кардосо, сопругата на трагично загинатиот португалски фудбалер Диого Жота, имаше емотивна исповед за најтажниот ден во нејзиниот живот која ги расплака фановите на поранешниот играч на Ливерпул.

Жота го загуби животот на 3 јуни 2025 година во тешка сообраќајна незгода во Шпанија, заедно со неговиот помлад брат Андре Силва, додека патувале кон Велика британија.

Сопругата на Жота пред тргнувањето му пишала порака за „среќен пат“ на фудбалерот и со предупредување да вози внимателно. Подоцна му испратила снимка од нивниот свадбен танц, но таа порака никогаш не била отворена од фудбалерот.

Откако Жота прекинал да одговара на пораките, Руте се обидувала да го контактира на секој начин, межутоа неуспешно, по што се загрижила и почнала да го бара во хотелот, каде што требало да престојува, но и неговите блиски, болници и полицијата, меѓутоа немала јасен одговор што се случило со фудбалерот.

Нејзиниот чичко Витор по контакт со полицијата дознал дека двајца браќа загинале во несреќа, по што полициски службеници ѝ ја потврдиле страшната вест на Руте дека нејзиниот сопруг и неговиот брат ги загубиле животите.

Кога пристигнала до местото на несреќата, остатоците од автомобилот сè уште биле на патот, но полицаец не ѝ дозволил да се приближи до локацијата каде што Жота и Силва ги загубиле животите.