Аталанта со победа од 3-1 против Пафос ја започна својата авантура во Конференциската лига, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се запиша меѓу стрелците уште во првата минута од натпреварот.
Елмас се најде на вистинското место во казнениот простор на кипарскиот тим и ја затресе мрежата по само 45 секунди игра, со што му донесе рано водство на италијанскиот состав. Голот на македонскиот фудбалер може да се погледне ТУКА.
Италијанската екипа продолжи со притисокот кон голот на Пафос, па избори пенал во 18. минута, кој беше реализиран од Џакомо Распадори.
До крајот на првото полувреме следуваше и третиот погодок. Џанлука Скамака ја продолжи гол-серијата на домашниот тим и ја потврди целосната доминација на Аталанта во првите 45 минути.
Аталанта успешно го чуваше своето водство во поголемиот дел од второто полувреме, додека Пафос успеа да постигне почесен гол во 88. минута, па со 1-3 си заминува од Бергамо.
Останати резултати:
Бран – Линколн 2-1
Брајтон – Кауно Жалгирис 4-0
Копенхаген – Брага 3-0
Фрајбург – Јаблонец 3-2
Твенте – Тун 1-0