Фудбал

Елмас: Кога толку брзо ќе дадеш гол, потоа е лесно!

Елмас: Кога толку брзо ќе дадеш гол, потоа е лесно!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, по неколку секунди игра на мечот против Пафос, го постигна својот првенец за Аталанта.

По мечот тој зборуваше за „Скај Спорт Италија“.

„Кога ќе постигнеш гол толку брзо…, знаеш дека ако веднаш го отвориш натпреварот, понатаму сè ќе биде полесно. Сепак, имавме почит кон Пафос бидејќи станува збор за одличен тим, знаевме дека минатата година играа во Лигата на шампионите“, вели Елмас.

„Да ја освоиме Конференциската лига? Ќе видиме, се игра секоја недела и не е лесно, но мора да размислуваме натпревар по натпревар. Тоа е нашата цел, но ќе одиме чекор по чекор“.