Реклама
Arena Sport
Фудбал

Елмас играше нешто помалку од еден час, Аталанта извлече бод од Фиренца (ВИДЕО)

Елмас играше нешто помалку од еден час, Аталанта извлече бод од Фиренца (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец беше стартер на ова гостување, и одигра 58 минути во ремито.

Фиорентина и Аталанта одиграа интересен и возбудлив натпревар кој заврши без победник 2:2. Елиф Елмас стартуваше во гостинскиот тим, и одигра 58 минути, кога ја напушти играта при 1:1.

Реклама
Arena Sport

Де Кетеларе донесе предност за гостите од Бергамо во 41. минута на асистенција на Жалевски. Нџие во 53. минута успа да израмни, а потоа Жоао Марио и да донесе пресврт.

Сепак, во 74. минута фудбалерите на Аталанта кои учествуваа во првиот гол, овојпат во обратна комбинација, односно Де Кеталаре асистира до Жалевски за израмнувачки погодок за 2:2.

Реклама
Arena Sport