Фудбал

Елмас го даде првиот гол за Аталанта во Серија А! (ВИДЕО)

Елмас го даде првиот гол за Аталанта во Серија А! (ВИДЕО)

Елиф Елмас постигна нов гол за тимот од Бергамо, овојпат во Серија А, погоди против Фросиноне за водство од 4-3.

Аталанта и Фросиноне играат луд меч, кој заврши 4-4, а Елиф Елмас е еден од стрелците.

Македонскиот фудбалер погоди во 50. минута по една одлична акција за водство на Аталанта од 4-3. Ова е првиот гол за Елмас во Серија А во дресот на тимот од Бергамо. Претходно погоди за Аталанта во Конференциската лига.