Македонскиот репрезентативец тренира со германскиот тим и игра на пријателски мечеви, но и натаму е на излезна врата од Лајпциг.
После едногодишната позајмица во Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се врати во Лајцпиг. Тој ги почна подготовките со својот тим, игра натпревари и тренира со тимот, но и натаму е на излезна врата од екипата, која чека понуда за фудбалерот.
Елмас беше стартер во првиот натпревар во ерата на Мартин Демикелис во Лајпциг, а беше совладана екипата на нисколигашот Алтњинике со 2-1 во „тест“ меч.
Се шпекулираше за негово заминување во Јувентус, но и натаму нема ништо конкретно околу овој трансфер на „дијамантот“. Се погласни се шпекулациите за негов „кам-бек“ во Фенербахче. Меѓутоа понуда од Турција и натаму нема, а Лајпциг ја чека најповолната.
Според „Кикер“, трансферот чинеше 23 милиони евра, но Елмас не мина многу во дресот на Лајпциг. Првата сезона беше испратен на шестмесечна позајмица во Торино, а минатата ја мина во Наполи. Се претпоставува дека Лајпциг за неговите услуги бара меѓу 15 и 20 милиони евра, и кој ќе ја плати оваа сума, може да го добие потписот на играчот од средниот ред.
Наполи донесе одлука да не ја плати откупната клаузула по истекот на позајмица, и го врати на Лајпциг.
Unsere Startelf! 👇 pic.twitter.com/tWOHJJ76lW
— RB Leipzig (@RBLeipzig) July 18, 2026