Фудбалерите на Елверсберг се вистинска сензација оваа сезона во Бундеслигата, откако успеаја да слават со 4-1 против Мајнц во осмото коло од шампионатот.
Елверсберг постигна дури три погодоци во првото полувреме, и тоа преку Кејдел, Ониека и Кратенмахер (3-0).
Кембел го постигна четвртиот погодок за Елверсберг во 90. минута, а во судиското надополнување Холербах стрелаше за 1-4.
По осум одиграни меча, Елверсберг е на петтата позиција во Бундеслигата со 13 бодови.



