Фудбал

Екс играчот на Манчестер Јунајтед и ПСЖ сега ќе игра во Третата лига за клубот од своето детство

Екс играчот на Манчестер Јунајтед и ПСЖ сега ќе игра во Третата лига за клубот од своето детство

Андер Ерера стигна и до шпанската репрезентација, а сега ќе оди да го подигне својот клуб од „пепелта“.

Кога во 2014 година потпиша за Манчестер Јунајтед, тоа беше исполнување на сонот за Андер Ерера. Играчот од средниот ред не можепе да посака подобар трансфер. Од Билбоа на „театарот на соништата“, каде се задржа пет години. И беше една од клучните фигури на овој тим, во кој мина пет години, а одигра преку 150 натпревари. Потоа следуваше уште еден голем трансфер во ПСЖ, каде се задржа пет години.

После ПСЖ овој играч се врати во Билбоа, а во минатата сезона се реши да оди да го проба фудбалот во Аргентина, играше за гигантот Бока Јуниорс.

Сега на 36-годишна возраст, некогашниот шпански репрезентативец се одлучи да се врати во својот матичен клуб и да му помогне да се издигне од „пепелта“. Станува збор за тимот на Сарагоса, кој ќе се натпреварува во третата шпанска лига.

Ерера е дете на Сарагоса, каде настапуваше во младинските категории, а потоа преку Б тимот, стигна до сениорите, од каде почнува неговиот фудбалски пат. Ерера ќе биде големо засилување за третолигашот кој има амбиции експресно да се врати во Сегунда, а потоа да напаѓа и влез во „елитата“.