Единсон Кавани повеќе не е фудбалер на Бока Јуниорс.
Аргентинскиот клуб и искусниот напаѓач постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката.
Уругваецот, кој во Бока пристигна во 2023 година, се прости од навивачите со емотивна видео-порака, истакнувајќи дека настапот за аргентинскиот гигант бил исполнување на неговиот детски сон.
Кавани го напушта клубот со 28 голови на 81 натпревар, а аргентинските медиуми пренесуваат дека ова најверојатно значи и крај на неговата богата професионална кариера.