Eден од најдобрите фудбалери на Башкими, Луис Рибеиро потврди дека си заминува од кумановскиот клуб поради лични причини.
Во актуелната сезона, 25-годишниот Рибеиро на 12 настапи постигна два гола и подели четири асистенции, а во клубот пристигна во текот на минатата сезона од редовите на Шкупи.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за времето што го поминав во Башкими. За жал морам да го напуштам клубот од лични причина“, објави Португалецот.
Пред доаѓањето во македонскиот фудбал, август во 2025 во Шкупи, Рибеиро настапуваше за неколку германски нисколигаши.



