Денеска со почеток од 20 часот Силекс и Шкендија играат реванш натпревари од квалификациите за Конференциската лига.
Во тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“, Силекс го пречекува тимот на Динамо Минск.
Кратовскиот тим победи на првиот меч со 1-0, па има реална шанса да помине во второто квалификациско коло.
Силекс доколку помине, во следното коло ќе игра против Нефчи Баку.
Шкендија својот реванш меч против ФК Европа ќе го игра на Националната арена „Тодор Проески“, првиот меч тетовскиот клуб го доби со 5-0, па денешниот дуел ќе биде само формалност.
Во второто квалификациско коло Шкендија ќе игра против словенечкиот тим, Браво.