Фудбал

Европската класика во Париз без победник: Прекрасен гол на Олисе, Бастони донесе бод за Италија (ВИДЕО)

Европската класика во Париз без победник: Прекрасен гол на Олисе, Бастони донесе бод за Италија (ВИДЕО)

Французите успеаја да поведат со голот на Олисе од слободен удар, додека Бастони веднаш врати и успеа да донесе израмнување.

Фудбалските репрезентации на Франција и Италија одиграа 1:1 во дербито од групата 1 во Дивизијата А на Лигата на нации. За Зинедин Зидан ова беше прв домашен натпревар како селектор на Франција, но не успеа да го круниса со победа.

Французите во првото полувреме имаа неколку можности, но Џанлуиџи Донарума беше на висина на задачата. Италија исто така се закануваше, а Мојс Кин во деветтата минута имаше одлична можност, но Мајк Мањан го одбрани неговиот удар.

По паузата Франција притисна и во 55. минута стигна до предност. Мајкл Олисе одлично изведе слободен удар, ја погоди гредата, а топката потоа заврши во мрежата за 1:0.

Италија не се предаде и само 13 минути подоцна го израмни резултатот. Алесандро Бастони ја искористи грешката на Лука Да Куња, му ја одзеде топката пред францускиот шеснаесетник и прецизно шутираше покрај Мањан за 1:1.

До крајот двете селекции имаа свои моменти, но резултатот не се промени.

Уште еден непријатен пораз запиша селекцијта на Турција, која со 3:0 загуби од Белгија. Два гола постигна Де Брујне, додека еден беше дело на Лукаку.

Во Лигата на Нации вечерва вреди да се напомене победата на Полска над Романија со убедливи 6:0.