Василије Костов, младиот фудбалер на Црвена звезда со македонски корени, доби признание за неговиот мајсторски гол против Копенхаген (2-2), откако истиот беше избран за најубав во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Осумнаесетгодишниот фудбалер на „црвено-белите“ постигна прекрасен гол во ремито од 2-2 на белградскиот тим против данскиот претставник. Во 41. минута, Костов упати силен удар од работ на шеснаесетникот, а топката се одби од пречката и заврши во мрежата.
На второто место се најде Парис Бренер од Монако, додека трет беше Кингс Кангва од Панатинаикос.