Теренот ќе мора да биде во одлична кондиција за првиот меч во Лигата на Нации против Словенија на 26. септември.
Утрово на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје се демонтираа бините и се вадеше покривката на теренот, по синоќешниот концерт на светски познатиот ди-џеј Дејвид Гета.
Теренот беше покриен вчера непосредно пред концертот, и веднаш по неполни 24 часа се вади подлогата, со цел да се сочува тревникот, каде на 26. септември ќе треба да гостува селекцијата на Швајцарија во 1. коло од Лигата на Нациите.

Теренот е во солидна состојба, има мали оштетувања кои се очекува да се санираат пред мечот со Швајцарците, и да биде беспрекорен за првиот дуел од Лигата на Нации.
Поради концертот на Гета, Вардар не можеше домашниот меч против Арсими да го игра на нашиот најголем стадион, па беше „преселен“ на терените на ФФМ.