Францускиот напаѓач Килијан Мбапе бил главен фаворит за освојување на „Златната топка“ пред самото затворање на гласањето, но Хари Кејн успеал да го престигне во последните денови и да ја освои престижната награда.
Според информациите откриени од директорот на „Франс Фудбал“, трката меѓу двајцата фудбалери била исклучително неизвесна, а разликата меѓу нив на крајот била минимална.
Мбапе долго време бил во водство и важел за најсериозен кандидат за наградата, но Кејн во завршницата од гласањето ја променил ситуацијата во своја корист и ја доби „Златната топка“.


