Фудбал

Драма околу тренерот на Фенербахче, даде оставка, но…

Драма околу тренерот на Фенербахче, даде оставка, но…

Тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал, даде оставка по вчерашното реми против Рома, рече дека нема намера да се врати на клупата, но претседателот на клубот не му ја прифати.

Фенербахче по долго време се врати во Лигата на шампионите, нивниот прв меч беше вчера, дуелот со Рома кој заврши 1-1.

Исмаил Картал на кормилото на Фенер дојде во јуни, но не се задржа многу.

„Што се однесува до оваа вечер им честитам на моите фудбалери и поднесувам оставка од мојата позиција“, Картал ги шокираше новинарите на прес-конференцијата.

„Ја донесов оваа одлука за да направам пат за мојот клуб. Ја донесовме оваа одлука заедно како тим“.

„За да му помогнам на Фенербахче, на моите фудбалери и идните тренери, давам оставка од мојата позиција со намера никогаш повеќе да не се вратам“.

Ваквата драматична оставка од непознати причини беше одбиена од претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим.

„Исмаил Картал се уште е на кормилото. Клубот треба да му даде поддршка на нашиот тренер. Додека јас не заминам, Исмаил Картал е тренерот на Фенербахче“, рече претседателот, Азиз Јилдирим.